Маките на Пеп никако да престанат, Рубен Диаз паузира неколку недели

Проблемите на Сити и на менаџерот Пеп Гвардиола никако да престанат. Во клучниот период од годината екипата влезе во сериозна криза, играчка и резултатска, бодови не се освојуваат, и притисокот е голем.

Згора на се, листата на повредени е се поголема, а последен на тој список е Рубен Диаз.

Централниот дефанзивец се повреди и нема да биде дел од тимот неколку недели. Па така, Гвардиола ќе мора да бара решение, а веќе истото го прави за Аканџи, Аке, Родри….

Сити инаку нема победа на последните три меча, што во првенството што во купот. Веќе утре тимот се среќава со тимот на Астон Вила на гости.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО