Македонските фудбалери прегазени од Велс со 7:1, баражот го чекаат од четвртиот „шешир“

Македонската фудбалска репрезентација претрпе пораз на гостувањето во Кардиф од Велс со 7:1 и со тоа е прекината серијата од 14 натпревари без пораз на официјални натпревари (без пријателски). Домаќинот со овој триумф успеа да го освои второто место во групата зад Белгија, додека нашата репрезентација која до овој натпревар беше без пораз заврши на третото место. Македонската репрезентација ќе игра во баражот за Светското првенство, благодарение на пласманот во Лигата на Нациите.

Репрезентативците на Велс од самиот почеток имаа иницијатива, а во водство дојдоа со голот на капитенот Хари Вилсон од пенал во 18.минута. Три минути подоцна веќе беше 2:0 со голот на Дејвид Брукс. Надеж да подобар резултат за македонската репрезентација дојде во 23.минута по голот на Бојан Миовски и одличната асистенција на Дарко Велковски. Во финишот на првиот дел Велс ја зголеми предноста со голот на Бренон Џонсон (37.минута), а во 57.минута Даниел Џејмс по четврти пат ја затресе мрежата на Столе Димитриевски. Во финишот на дуелот Вилсон постигна уште два гола (75 и 81.минута), а конечните 7:1 ги постави Нејтан Броадхед во 88.минута.

На вториот дуел од групата Ј фаворитот Белгија убедливо го совлада Лихтенштајн со 7:0.

Конечна табела: Белгија 18 бодови, Велс 16, Македонија 13, Казахстан 8, Лихтенштајн 0.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО