Македонскиот репрезентативец Хап се сели во Валенсија

Натурализираниот Македонец, Итан Хап од следната сезона ќе го носи дресот на Валансија.

Шпанскиот портал „WebEncenstrado“, тврди дека центарот на Гран Канарија и Валенсија наскоро ќе го официјализираат договорот.

Според овој извор, покрај Хап, во Валнесија од наредната сезона ќе игра и МВП во АБА лигата, кошаркарот на Задар, Лука Божиќ.

Хап сезонава во Ерокупот на 16 натпревари забележа просек д 9,6 поени, 5,9 секона, 2 асистенции и 1,6 украдени топки за нешто помалку од 19 минути на теренот.

Останува да се види дали и Валенсија следната сезона ќе игра во Евролигата или ќе се пресели во Еврокупот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО