Македонскиот репрезентативец Ашковски ја продолжува кариерата во Турција

Турскиот фудбалски второлигаш Шанлиурфаспор е новиот клуб на членот на македонската А репрезентација, Стефан Ашковски.

Нашиот играч и официјално го потпиша договорот со Шанлиурфаспор каде доаѓа од ерменскиот Алашкер чии бои ги бранеше лани.Нашето 32-годишно крило за нашата сениорска селекција до сега има 28 настапи.

На клупски план во кариерата беше дел и од Телеоптик, Партизан, Доњи Срем, Напредак, Стромсгодсет, Шкендија, Нови Пазар, Кајсери Ерчијеспор, Фортуна Ситард, Горник лечна, Славија Софија, Ботошани, Сепси ОСК и Ламиа.

Инаку Шанлиурфаспор успеа да обезбеди опстанок минатата сезона во турскиот второлигашки шампионат освојувајќи го 15 место.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО