Машката македонска кошаркарска репрезентација во новиот циклус од претквалификациите за пласман на Евробаскетот во 2029 година, ќе биде дополнително засилена. Раководството на нашата федерација успешно ја реализираше идејата, нашиот сениорски тим да добие дополнителни играчки засилувања.
Ова се однесува пред сè на позициите за кои стручниот штаб, предводен од селекторот Марјан Илиевски, процени дека треба да бидат дополнети со нови играчи. Од денеска, и официјално, нови македонски репрезентативци се Нејт Сестина и Омари Мур. Двајцата со своите екипи настапуваат во Евролигата.
Мур од оваа сезона настапува во шпанската Валенсија, додека е дел од Олимпија Милано од Италија. Сестина и Мур, заедно со Џејкоб Вајли, ќе се стават на располагање на нашиот машки сениорски национален тим за првите два натпревара во ноемврискиот ФИБА „прозорец“, односно дуелите со селекциите на Азербејџан (на 27.ноември во Скопје) и на гостувањето во Ирска (на 30.ноември, во Даблин).
Фото: МКФ
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: