Македонија против Бугарија за влез во елитната „А“ дивизија

Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација ја дели една победа за пласман во „А“ дивизијата.

Нашите кошаркарски надежи во СРЦ „Кале“ запишаа победи на сите досегашни мечеви на Европското првенство – Дивизија „Б“ што се одржува во Скопје.

Во полуфиналето ривал на избраниците на селекторот Горан Андреевски им е Бугарија денеска од 18.30 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

– Во полуфинале нė чека репрезентацијата на Бугарија, екипа со одлични поединци. Ќе одлучуваат нијанси. Ќе влеземе многу посветено во натпреварот, очекувам максимално залагање во одбраната, посебно врз нивниот најдобар поединец Гаваљугов. Веројатно, кога се игра еден ваков натпревар, пред домашна публика, и амбиент, кој се очекува да биде во салата на СЦ „Борис Трајковски“, дополнителна мотивација и не е потребна, таа се подразбира. Играчите се подготовени и мотивирани. Се надевам дека ќе ја израдуваме публиката со уште една победа. Очекуваме полна сала во борба за големото финале, – вели Андреевски.

Во 21.00 часот е вториот полуфинален дуел на ЕП меѓу репрезентациите на Полска и Австрија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО