Ракометната репрезентација на Македонија во женска конкуренција со убедлива победа над Литванија од 34:24 (18-12) ги заврши квалификациите за Европското првенство. Нашите репрезентативки остварија победа во последниот натпревар и тоа убедлива, без разлика што беа во комбиниран состав. Сепак нашите репрезентативки и со овојростер беа пресилни за гостинската селекција на Литванија.
Мечот започна израмнето и по нашата стартна предност , се играше гол за гол, а Литванија држеше приклучок, за да во вториот дел од првото полувреме Македонија заигра како што треба и да направи разликакоја на одмор беше 18:12.
Селекторот Грчевски им даде шанса на сите ракометарки, а знаејќи дека веќе сме пласирани на шампионатот имаше простор да ги види сите на дело. Во второто полувреме Макеоднија ја имаше највисоката предност од 10 гола разлика што на крајот беше и конечни 34:24.Во редовите на нашата репрезентација најефикасни беа Андреа Седлоска и Емилијана Ризоска со по шест гола, а четири постигна Ива Младеновска.
Нашите репрезентативки сега ќе ги очекуваат своите противници на ЕП кое ќе се одржи на крајот на оваа година.