Македонија поразена од Романија и во втората контрола

Македонската ракометна репрезентација со два порази ја завршува ЕХФ неделата која беше искористена за два контролни натпревари со Романија. Нашите ракометари денес загубија и во вториот натпревар си домашната селекција на Романија 28:24 (15:10). За разлика од вчера кога Македонија имаше период во кој беше во предност, денеска Романија доминираше во текот на целиот натпревар. Кај домашната репреземтација посебно расположен беше голманот Василе, кој одбрани многу удари на нашите репрезентативци , додека Томовски и Кизиќ имаа по пет интервенции, а Галевски една.

Овие две пријателски средби се дел од подготовките за бараж мечот за место на СП 2025 година против Фарски Острови. Кирил Лазаров во Браила замина без Филип Кузмановски, Ненад Костески, Павле Атанасијевиќ и Томислав Јагуриноски, сите поради повреда го пресконаа овој собир. На голот го немаше Никола Митревски, со тимот отпатува младиот Галевски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО