Фудбалскиот клуб Жирона го живее својот сон, настапите во Лигата на шампиони, кои за нив се историски, бидејки прв пат ќе играат во ова најквалитетно натпреварување.
Познато е дека Жирона во ЛШ ќе настапува со македонскиот интернационалец Бојан Миовски, кој пред извесен период ги засили редовите на шпанската екипа.
Шпанците од Миовски очекуваат многу и се возбудени што ќе го имаат за мечевите во ЛШ, па на социјалните мрежи денеска напишаа… „Бојан е подготвен!“, мислејки на настапите во ЛШ.
Тој во Жирона пристигна од редовите на Абердин, каде што остави сериозна трага и беше продаден за рекордна цифра на шкотскиот клуб.
Bojan is ready! 🇲🇰✨#UCL pic.twitter.com/TfKlo8HJsl
— Girona FC (@GironaFC_Engl) September 16, 2024