Кошаркарите на Маџари со одлично второ полувреме во дуелот со Работнички направија резултатски пресврт, и стигнаа до третата по ред победа во македонското првенство.
Од друга страна Работнички ја прекина серијата од четири победи.
Маџари кои по првото полувреме губеше со девет поени разлика (38:47) одигра извонредно во последните 10 минути и по 28:14 дојде до конечни 87:80.
На првиот натпревар од 7. коло, МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ 80:67.
Другите двојки се:
Ангели – Тиквеш Голден Игл
Чаир 2030 – Гостивар
Феникс 2010 – Кожув
МКК Куманово – Пелистер.
Фото: КФСМ
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: