Украинскиот фудбалски голман, Андреј Лунин, одбил богата понуда од Саудиска Арабија, велат последните информации од Шпанија.
Голманот на Реал Мадрид не сака да ја грее клупата наредната сезона и затоа е подготвен за нов предизвик, но претпочита да остане во Европа. Во истовреме, „кралевите“ сакаат да го задржат со нова понуда, до 2029-та.
Единственото сценарио што е исклучено е голманот да потпише договор и да замине на позајмица. Лунин претходната сезона бранеше на 31 меч.