Лундберг: Го одбив шампионот Бостон, го избрав Партизан, знам зошто го направив тоа!

Габриел Ифе Лундберг во 2022 година стана првиот Данец кој заигра во НБА лигата, но во дресот на Феникс имаше доста скромна улога. Нешто повеќе од две години подоцна, 29 годишниот играч од Копенхаген се сели во Партизан.

Доскорашниот плејмејкер на Виртус Болоња, при едно гостување на данската телевизија СПОРТ ТВ2, даде доста интересен одговор во однос на тоа дали имал други понуди и зошто баш Партизан.

– Доаѓањето во Партизан не ми беше воопшто тешка одлука, можеби звучи лудо, но не размислував ниту еден момент. Има толку добри работи кои можат да ги кажам за Партизан, но најважен ми е нивниот стил на игра, кој ми одговара. Долго ме следат и сакаат да ме користат како плејмејкер. Ова е трет пат да ми нудат договор, трета среќа. Ќе можам да играм за најдобриот европски тренер, пред најдобрите навивачи, на најдобриот домашен терен пред фантастична публика.

Тој се осврна и на моментот кога одбил да заигра за шампионите Бостон, односно ја одбил нивната понуда и се пресели во Партизан.

– Бостон беше сериозно заинтересиран за мене, но беа доволно поштени и транспарентни во својот пристап. Јас ќе им бев 15 играч во екипата, ќе бев постојано само за тренинг. Не ми гарантираа минутажа ни шанса. Не е тоа повеќе за мене, јас сакам да сум на терен и затоа го избрав Партизан, порача Лундберг.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО