Луис Енрике отпишал петмина, мора да го напуштат ПСЖ

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, пред стартот на новата сезона во Лига 1 отшишал петмина фудбалери.

Како што откриваат француските медиуми место во ПСЖ нема за: Милан Шкриниар, Данило Переира, Хуан Бернат, Мануел Угарте и Карлос Солер. Се очекува тие да го напуштат Париз по крајот на преодниот рок.

Од споменатите играчи се знае дека само Мануел Угарте е во преговори со Манчестер Јунајтед и се очекува кариерата да ја продолжи во Англија.

Останатите играчи се уште немаат добиено конкретни понуди, но јасно е дека Солер лесно ќе најде ангажман во Шпанија, бидејќи пред да се пресели во Париз со голем успех го носеше дресот на Валенсија.

Шкрињар пристигна пред само една година, но неговиот стил на игра не му одговара на Енрике и ПСЖ сака да го продаде.

Одамна е познато дека Хуан Бернат не е во плановите на Пари Сен Жермен, а останува да видиме каде ќе ја продолжи кариерата Шпанецот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО