Ливерпул ја разгледува опцјата за трансфер за играчот од средниот ред на Реал сосиедад, Мартин Субименди, како прво засилување под водство на новиот тренер/менаџер Арне Слот.
Субименди беше дел од репрезентацијата на Шпанија која триумфира на Европското првенство (ЕП) во Германија. Во финалето во кое неговата земја ја победи Англија со 2:1, тој го замени Родри во второто полувреме в
Субименди, 25-годишниот играч, е во Сосиедад од 2011 година и има ослободителна клаузула од 60 милиони евра. Тој му помогна на Сосиедад да го освои шестото место во Ла лига минатата сезона, постигнувајќи четири гола на 31 лигашки натпревар.
Шпанскиот клуб, исто така, стигна до осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) ланската сезона, во кое беше елиминиран од ПСЖ.
Субименди би требало да биде првото пристигнување за Слот, кој го презеде клубот од „Енфилд“ по заминувањето на Јирген Клоп.