Ливерпул го најде наследникот на Клоп, веќе е испратена и официјална понуда

Јирген Клоп по девет години го напушта Ливерпул на крајот од сезоната, а се’ уште се трага по наследмикот по заминувањето на германскиот стручњак. За Чаби Алонсо се зборуваше долго и се чекаше неговата одлука, но се чини дека тој повеќе не е опција.

Според португалските медиуми, тоа би требало да биде Рубен Аморим, актуелниот тренер на Спортинг од Лисабон. Беше објавено дека на Аморим веќе му е понуден договор на три сезони и оти се чека неговата одлука.

Станува збор за млад стручњак, кој има 39 години, но веќе покажа квалитети на европската сцена. Тој ја почна кариерата во 2018 година како тренер на Кас Пија, а потоа беше на клупата на Брага Б. Но не ја чекаше долго можноста да го преземе првиот тим со кој го освои Купот.

На чело на Спортинг е од март 2020 година, а „лавовите“ за него платија дури 10.000.000 евра. Аморим го освои шампионатот и Суперкупот на Португалија, поради што сега е прв избор на Ливерпул за нов менаџер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО