Лидерот Вардар домаќин на Еурофарм Пелистер 2

Лидерот на ракометната Супер лига Вардар денеска го игра дуелот од 13.коло. Во СЦ „Јане Сандански“ гостува битолски Еурофарм Пелистер 2. Секако „црвено-црните“ кои имаат максимален учинок во лигата се фаворити во дуелот. Почетокот на дуелот е во 18:30 часот.

Утре на програмата се три натпревари: Алкалоид – Тиквеш, Пролет – Еурофарм Пелистер и Бутел – Радовиш, додека во недела се игра последниот натпревар од оваа рунда меѓу МРК Куманово и Прилеп.

Колото стартуваше во средата со „езерското дерби“ каде фавориот Охрид како гостин славеше на теренот на Струга со 29:23.

Фото: Фејсбук РК Вардар 1961

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО