Шарл Леклер (Монако, Ферари) победи во импресивната стратегиска битка со Оскар Пјастри (Австралија, Мекларен) и Ландо Норис (Велика Британија, Мекларен) на легендарната трка за Големата награда (ГН) на Италија во Монца, на која лидерот во шампионатот, Макс Верстапен заврши на шестото место и неговата предност на врвот продолжи да се топи.
Карлос Саинц (Ферари) заврши на четвртото место, а зад него беа Хамилтон, Верстапен, Расел и Перез на осмото место.
Верстапен, има 303 поени, а Норис сега заостанува 62 по третата позиција во Монца и најбрзиот круг. Леклер има 215, а Пјастри е четврти со 197 поени.