Легендата на Манчестер Сити официјално замина во пензија

Фернандињо, бразилски играч од средниот ред и долгогодишен капитен на Манчестер Сити, одлучи да ја заврши својата фудбалска кариера на 40-годишна возраст.

Неговиот последен клуб беше бразилскиот Атлетико Параненсе, со кого ја заврши соработката на почетокот на годината. Бразилецот не најде нова работа, па затоа одлучи да ја заврши својата професионална кариера, која траеше повеќе од 20 години.

Тој започна во гореспоменатиот Атлетико, од каде што се пресели во украинскиот Шахтјор во 2005 година. Таму блесна и освои шест титули во лигата, а го освои и Купот на УЕФА. По осум години во Донецк, се пресели во Манчестер Сити за 40 милиони евра.

Фернандињо беше стандарден играч во тимот на Пеп Гвардиола и за девет години во Манчестер освои пет титули во англиското првенство и шест Лига купови. Тој одигра 383 натпревари за Манчестер Сити и 53 натпревари за Бразил. Фернандињо играше во добротворен натпревар оваа недела кога го официјализираше крајот на кариерата.

– Уморен сум, а не трчав ни 30 минути. Ништо во фудбалот повеќе не ме мотивира. Направив сè што можев. Сега е време да уживам со моето семејство, рече Фернандињо.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО