Легендата на НБА лигата Леброн Џејмс (40 години) вечерва ќе го игра својот 20-ти натпревар на Божик. Неговата екипа Лос Анџелес Лејкерс за противник ќе го има тимот на Хјустон.
Леброн Џејмс е рекордер со досега одиграни 19 натпревари, прв е на листата на стрелци со 507 поени, има и 143 скокови, 137 асистенции (втор на листата) и 28 украдени топки (втор).
Со своите екипи Џејмс има постигнато 11 победи, а има играно за Кливленд, Мајами и Лос Анџелес Лејкерс. Според традицијата на католички Божик раководството на НБА лигата најчесто закажува атрактивни натпревари, а често играле и последните финалисти од последниот плејоф.
НБА програмата денеска стартува со дуелот Њујорк – Кливленд (18 часот), а потоа натпреварите: Оклахома Сити – Сан Антонио (почеток 20:30 часот); Голден Стејт – Далас (почеток 23 часот); ЛА Лејкерс – Хјустон (02 часот по полноќ) и Денвер – Минесота (04:30 часот по полноќ).
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: