ЛЕ: Победи за Ајакс и Лион, Рома не успеа да го сруши Билбао

Фудбалерите на Ајакс остварија една од најубедливите победи синоќа во Лига Европа, го победија составот на Бешикташ со 4:0.

Во Амстердам на домашен терен остварија повеќе од рутинска победа во 1. коло од Лига Европа. Исто така сигурна победа оствари и екипата на Лион против Олимпијакос со 2:0.

Во Рим, домаќинот Рома иако имаше предност против Атлетик Билбао со 1:0, на крајот гостите дојдоа до гол и бод на ова исклучително тешко гостување.

Претходно Фенербахче го сруши Ројал Унион со 2:1, Брага беше подобра од Макаби Тел Авив, кои на ова гостување имаа и два црвени картони.

Тотенхем во Лондон оствари победа против Карабах со 3:0, а стрелци за домаќините беа Џонсон, Сар и Соланке. Гостите промашија пенал на оваа средба.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО