Ле Паризиен: Јунајтед се согласи да го продаде Санчо – позната и висината на трансферот

Пари Сен Жермен деновиве имаа отворени преговори со Манчестер Јунајтед за услугите на Џејдон Санчо, фудбалерот кој не му беше судено да успее на Олд Трафорд.

24 годишниот Санчо и не е баш во првите планови на тренерот Ерик Тен Хаг, па клубот форсираше приказна за негова продажба ова лето, па како што стојат работите, договор е на повидок.

Наводно ПСЖ и Јунајтед постигнале конечен договор за Санчо, а обештетувањето кое Јунајтед треба да го добие од „светците“ треба да изнесува 60 милиони евра.

Санчо потпиша на пет сезони со Јунајтед во 2021 година, реализирајки трансфер вреден 85 милиони евра од Борусија Дортмунд.

Минатата сезона тој ја помина на позајмица во Борусија Дортмунд, а таму покажа добри игри и од тогаш наваму, тој го навлече интересот на ПСЖ, кои сега очигледно направија нешто конкретно и ќе го обезбедат неговиот потпис.

Ле Паризиен тврди дека постигнат е договор меѓу агентот, играчот и ПСЖ, но и дека ПСЖ веќе има усмен договор со Јунајтед за висината на обештетувањето.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО