Македонската ракометна репрезентација не успеа да слави победа против Холандија, беше поразена со 37-32.
Избраниците на Кирил Лазаров се бореа до последната минута, но данските судии не дозволија едноставно да изгледаме на теренот поинаку.
Селекторот Кирил Лазаров на прес-конференцијата немаше многу да издвои за почеток. Не сакаше пред време да ги коментира сите настани.
„Честитки до Холандија. Не сум паметен во овој момент да кажам нешто, мора да направиме анализа на овој меч. Можеби не бевме многу добри за да го победиме овој меч. Нашите навивачи не беа задоволени. Холандија можеби е подобар тим од нас, но се боревме многу, но на крјаот не успеавме да дојдеме до победата“, изјави Лазаров.