Шкупи киксираше во минатото коло кога загуби на гостувањето кај Брегалница, чаирскиот тим им се извинуваше на навивачите за тој пораз, но потребна е и реакција на теренот.
Македонија Ѓорче Петров по доаѓањето на Бобан Грнчаров игра солидно и ја врати надежта за опстанок, па на Чаир нема да отпатува со бело знаме. Лавовите ќе дадат се од себе за да останат непоразени на тешкото гостување.
Брера е во лоша форма, на последните шест меча има дури четири порази. Денеска ја пречекуваат Воска која се бори за опстанок и се надеваат на позитивен резултат.
Воска ќе цели на победа, а доколку дојде до неа ќе ја помине Брера на табелата, разликата меѓу двете екипи е само два бода.
Гостивар и Тиквеш во моментов изгледаат сигурни на средина на табелата. Немаат шансите да се пробијат кон местата кои водат во Европа, но им требаат бодови за да имаат мирен финиш на сезоната, местата кои водат во втората лига не се многу далеку.
Гостивар се специјализира за нерешени средби, на последните пет меча дури четирипати одигра реми, има и еден пораз. Тиквеш е во подобра форма, веќе четири меча по ред нема загубено, а во тие натпревари има две победи.
Сите натпревари почнуваат од 15 часот.
27. коло:
Денеска
Брера – Воска
Гостивар – Тиквеш
Шкупи – Македонија ЃП
Утре
Работнички – Вардар
Шкендија – Силекс
Струга – Брегалница
Табела: Струга 54, Шкупи 51, Шкендија 49, Силекс 37, Тиквеш 36, Гостивар 33, Брера 30, Вардар 29, Работнички 28, Воска 28, Македонија ЃП 25, Брегалница 25.