Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, кој беше најдобар стрелец на Копа на Америка што се осдржа во САД, стана вториот играч на Аргентина кој успеал да се израдува на пехарот со најмалку пет постигнати голови.
Претходно, легендарниот Габриел Батистута го доби тоа признание во 1991 година кога натпреварувањето го заврши со шест погодоци. „Гаучосите“ по собирот во САД имаат вкупно 16 титули една повеќе од Уругвај кој остана на 15-те. На третото место е Бразил со девет трофеи.