Лас Палмас го запре Реал, Џирона ја декласира Осасуна

Втор кикс, односно второ реми на Реал Мадрид по три кола во новата сезона во Ла лига и веќе заостанува четири бода зад Барселона!

„Кралевите“ одиграа само 1:1 на гостувањето кај Лас Палмас и по трите меча имаат пет бода, а Лас Палмас е на два. Барса е на лидерската позиција со максимални девет бода.

Џирона за која настапува македонскиот репрезентативен напаѓач, Бојан Миовски, ја забележа првата победа сезонава, убедливо совладувајќи ја Осасуна со 4:0.

Миовски не се запиша во листата на стрелци, а головите ги постигнаа Хил (34), Циганков (53), Руиз (56) и Стуани (90 минута). Двата тима имаат по четири бода. Во недела Џирона и гостува на Севилја.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО