Лапорта: Левандовски се понуди да му ја намалиме платата?!

Барселона е доведена до работ на банкрот поради големи трошења со години наназад и сега работи под сериозни финансиски ограничувања наметнати од Ла лига.

Каталонците можат да трошат онолку колку што заработуваат и да регистрираат играчи колку што дозволува ограничениот буџет за плати. Затоа најпрво не можеа да го регистрираат Дани Олмо откако го донесоа од Лајпциг за 55 милиони евра.

Олмо се најде во тимот дури откако Андреас Кристенсен беше посериозно повреден, па беше отпишан, а Олмо пријавен.

Жоан Лапорта, претседателот на Барселона, откри кој му понудил помош во таа ситуација.

– Левандовски. Морам посебно да го споменам. Тој покажа колку е посветен на клубот. Кога слушна дека мораме да направиме дополнителен напор за да ги испочитуваме правилата за финансиски фер-плеј и за да можеме да ги регистрираме играчите, тој ни рече дека може да игра и помала плата ако со тоа може да му помогне на клубот, изјави Лапорта.

Платата на Левандовски огромна, сезонава бруто сумата изнесува 33 милиони евра. Познатиот, но веќе и стар (36-годишен) голгетер, Барселона го купи пред две години од Баерн за 45 милиони евра.

Оттогаш, тој одигра 99 натпревари за Барса, постигна 63 гола и имаше 18 асистенции. Во новата сезона, тој даде четири гола на исто толку натпревари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО