Лапорта: Ја прифатив понудата на Чави

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта, истакна дека ја прифатил понудата на Чави Ернандез на крајот од сезоната да замине од клубот.

– Тоа е формулата, која ја прифаќам затоа што тоа ми го предложи тренерот Чави Ернандез, тој е легенда на клубот, чесна и достоинствена личност која навистина го сака клубот до самиот крај, порача Лапорта.

Чави своето заминување во најави по поразот од Вилјареал со 5:3, па истакна дека е време тоа да го направи.

Каталонците се наоѓаат на 3. позиција на табелата во првенството и одредени промени мора да бидат направени.

– Ќе биде тешко во првенството, се уште не е ништо загубено, но ќе биде тешко, мора да се бориме до самиот крај. Исто така, мора да дадеме се од себе за што подобар пласман во ЛШ, порача Жоан Лапорта.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО