Лакрдија на ОИ: Италијанците не играа на почетокот од мечот со Шпанија!

Првиот натпревар од битката за пласман од 5 до 8 место, на ватерполо турнирот меѓу Италија и Шпанија, имаше многу, многу необичен почеток.

Италијанците крајно револтирани од „бруталноста“ во четвртфиналето (која ја немаше!), одбија да играат во првите четири минути од натпреварот!?

Кога токму Кондеми, исклучениот играч на мечот со Унгарците, ја доби топката за првиот напад, селекторот Кампања веднаш побара минута одмор, така што не се играше ниту една секунда.

Тогаш сите играчи му аплаудираа на Кондеми, а потоа Италијанците буквално само си ја додаваа топката во водата, без намера да нападнат.

Цели четири минути Италијанците не играа што го искористија Шпанците и поведоа со 4:0. Дури од петтата минута Италија почна да игра, но видно незаинтересирана.

Ниту Шпанците не блескаа од задоволство. Сè на сè, чуден натпревар, солидна шега на олимписката сцена, но и предупредување до Интернационалната организација за водни спортови.

Пред се’, треба да укинат натпреварите за пласман на ОИ. Никој го нема тоа, само ватерполо спортот. Сосема непотребно бидејќи се игра за ништо!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО