ЛА Лејкерс го бараат наследникот на Џејмс, а изборот е Лука Дончиќ!

Леброн Џејмс во 2020 година ја донесе на тимот последната шампионска титула во НБА лигата, а сега се бара замена за него и се кројат идните планови во екипата.

Изборот падна на Лука Дончиќ, но неговиот трансфер во Лејкерс би можел да се реализира дури откако Леброн ќе ја заврши својата кариера.

Минатиот месец тој го продолжи договорот со Лејкерс до 2026 година и тоа се совпаѓа со плановите на франшизата бидејќи дури тогаш ќе може да тргне по Дончиќ.

Словенецот за две години ќе биде рестриктивен слободен агент и ќе може да бира каде ќе ја продолжи својата кариера, а во исто време Леброн би можел да се пензионира имајќи предвид дека ќе биде на речиси 42-годишна возраст.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО