Легендата на НБА Леброн Џејмс би можел да остане во Лос Анџелес Лејкерс и да игра за помала плата. Но, во меѓувреме се појавија и информации дека Леброн би можел да се врати во Кливленд и кариерата да ја заврши во овој клуб.
Евентуалното останување во ЛА Лејкерс се финансиските услови и од клубот бараат играчот да се согласи на пониска плата и да остане.
Леброн Џејмс има 41 година и сезонава има одиграно 29 натпревари со просек од 22 поена и по околу 33 минути на терен. „Езерџиите“ се наоѓаат на петтото место во западната конференција со скор 28-18 (победи-порази).
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: