Денешните информации од Италија најавуваат дека Грузиецот, Квича Кварахцелија, веројатно ќе остане во Наполи иако подолг период се поврзуваше со неколку елитни екипи од Шпанија и Англија.
Новиот тренер на калчо-лигашот, Антонио Конте, најавил дека Кварацхелија ќе има значајна улога во наредната сезона и дека не смее да си замине. Воедно, крилниот фудбалер не крие дека сака да остане во тимот и да потпише нов договор кој ќе биде валиден пет години.
Тој веројатно ќе добие и значително зголемување на платата.