Како што претходно беше најавено, Хвича Кварацхелија потпиша петгодишен договор со Пари Сен Жермен.
Грузискиот фудбалер по три сезони го напушти Наполи, ПСЖ за неговиот трансфер издвои околу 70 милиони евра.
ПСЖ во текот на летото се обиде да го доведе 23-годишниот крилен напаѓач како замена за Килијан Мбапе, кој замина во Реал Мадрид. Во август планот не успеа, но шест месеци подоцна фудбалерот побара од Наполи да му овозможи трансфер во Париз.
Кварачелија постигна вкупно 30 гола на 107 натпревари за Наполи и беше еден од клучноте фудбалери во походот на титулата во Серија А пред две години.
Сезонава тој постигна пет голови за клубот од Неапол и запиша уште три асистенции.