Кванса: Ми се допаѓа стилот на игра на Слот

Младиот фудбалер на Ливерпул, Џерел Кванса, се осврна на работата на новиот тренер, Холанѓанецот Арне Слот.

Централниот дефанзивец кој потекнува од школата на „црвените“, вели дека сите се обидуваат да се адаптираат на работата на холанскиот струќњак кој летово се пресели на „Енфилд“ од Феенорд.

– Слот сака неговиот тим да ја има топката во посед, што мене ми се допаѓа. Има уште време пред нас, треба многу да се подобриме, изјави Кванса на официјалниот сајт на Ливерпул.

Кванса, 21-годишниот фудбалер има договор со Ливерпул до јули 2027 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО