Куртоа не сака да брани за Белгија, се’ додека Тедеско е селектор

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа изјави дека нема да брани за репрезентацијата на Белгија, се’ додека Доменико Тедеско е селектор.

Тој пропушти голем дел од минатата сезона поради две повреди на коленото и не беше во составот на Белгија за ЕП 2024, и покрај тоа што се опоправи и стартуваше во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) против Борусија Дортмунд.

Куртоа (32), кој има 102 натпревари за Белгија, имаше спор со Тедеско во јуни 2023 година, откако ја напушти репрезентацијата пред квалификацискиот натпревар за ЕП со Естонија.

„За жал, следејќи ги настаните со селекторот и по многу размислување, решив да не се враќам во белгиската репрезентација под негово раководство“, напиша Куртоа на Инстаграм.

„Во врска со ова прашање го прифаќам мојот дел од одговорноста. Сепак, гледајќи напред, мојата недоверба во него нема да придонесе за одржување на потребната атмосфера на срдечност. Федерацијата [Белгија], со која имав неколку разговори, го прифаќа мојот став и причините што ме доведоа до оваа болна, но кохерентна одлука.

Жалам што можеби ќе разочарам некои навивачи, но убеден сум дека ова е најдобриот начин на дејствување за Белгија, бидејќи ја затвора дебатата и му дозволува на тимот да се фокусира на остварување на целите“.

„Црвените ѓаволи“ беа елиминирани од ЕП, од Франција во осминафиналето, а голманот на Ал-Кадсијах, Коен Кастелс, ги почна четирите натпревари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО