Кунде урна светски рекорд: Оваа година 5872 минути бил на терен!

Дефанзивецот на Барселона и француски репрезентативец Жил Кунде (26) веќе одигра 69 натпревари во календарската 2024 година, односно на теренот помина вкупно 5.872 минути, што е нов светски рекорд, објави ЦИЕС.

Кунде неодамна се најде во центарот на вниманието на јавноста бидејќи меѓу првите се пожали на пеколниот распоред, а сега гледаме и зошто. Едноставно, претходно немаше толку многу натпревари, а ЦИЕС спроведе истражување во 66 лиги ширум светот, сметајќи ги сите натпреварувања под капата на ФИФА и УЕФА.

26-годишниот играч на Реал, Федерико Валверде, е на второто место според одиграните минути, со 5.663 минути (во 67 натпревари), а трет е 27-годишниот Џон Аријас, напаѓач на бразилски Флуминенсе и репрезентацијата на Колумбија, со 5.559 минути (исто така на 67 натпревари).

По нив следуваат двајца ветерани, 33-годишниот стопер на Ливерпул, Вирџил ван Дијк (5.523 минути во 64 натпревари) и Николас Отаменди (36), стоперот на Бенфика (5.449 минути на 65 натпревари).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО