Куман: Бергвијн отиде во Арабија на 26 години. Повеќе нема да игра за Холандија!

Роналд Куман му ја затвори вратата на холандската репрезентација на Стивен Бергвијн, откако поранешниот напаѓач на ПСВ и на Тотенхем на 26 години реши да го напушти Ајакс и да потпише за Ал Итихад од Саудиска Арабија.

Бергвијн одигра 80 натпревари за Ајакс, со ефект од 29 гола и 12 асистенции, по што ја прифати профитабилната понуда од Саудиска Арабија.

Холандскиот гигант ќе добие 21 милион евра обештетување, а со прифаќање на понудата од послаба и побогата лига, Бергвијн ја заврши кариерата во репрезентацијата.

– Тој реши да замине во Саудиска Арабија на 26 години. Јасно е дека тоа нема врска со спортски амбиции. Неговата кариера во дресот на холандската репрезентација е завршена, изјави Куман за играчот кој дебитираше за Холандија под негово водство во 2018 година

Бергвијн одигра 35 натпревари за Холандија и постигна осум гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО