Крузер со три злата, а Ковач со три олимписки сребра во низа!

Американецот Рајан Крузер (31) трет пат по ред е олимписки победник во фрлање ѓуле, (22,90 метри). Тој е првиот во историјата со три олимписки златни медали во таа дисциплина.

Крузер кој е и двократен последователен светски шампион и светски рекордер во фрлање ѓуле (23,56 метри), доминираше во финалето на Олимписките игри (ОИ) во Париз, и ги имаше трите најдолги фрлања, 22,69, 22,64, а потоа, во третата серија, најдолгото, 22,90 метри, за златен медал.

Неговиот сонародник, Џо Ковач (35) стигна до среброто во последната серија (22,15 метри), за третото, последователно олимписко сребро. Идентичен резултат имаше и Рајиндра Кембел (28) од Јамајка, но бидејќи второто фрлање на Ковач беше многу подобро од тоа на Кембел, Јамајканецот падна на третата „бронзена“ позиција.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО