Португалскиот фудбалер, Кристијано Роналдо (39) во четврток ќе добие специјална награда од Европската фудбалска унија (УЕФА) за најдобар стрелец во Лигата на шампиони (ЛШ) на сите времиња.
Како што е објавено на интернет страницата на УЕФА, претседателот, Александер Чеферин ќе му ја врачи наградата на Португалецот за време на ждрепката за Лигата на шампиони (ЛШ) во Форумот Грималди во Монте Карло.
Роналдо за 18 години играње во ЛШ постигна 140 гола на 183 натпревари. Зад него е Меси со 129, а трет е Роберт Левандовски со 94 гола.
Роналдо, моментално капитен на Ал Наср од Саудиска Арабија, петпати триумфираше во ЛШ, во 2008 година со Манчестер јунајтед, а во 2014, 2016, 2017 и 2018 година со Реал Мадрид. Тој е и рекордер според бројот на дадени голови (17) во една сезона во ЛШ, во 2013/14-та.