Досегашниот фудбалер на лондонски Тотенхем, Бренан Џонсон, потпиша денеска договор на четири и пол години со градскиот ривал Кристал Палас.
Како што објавија британските медиуми, Кристал Палас го ангажираше Џонсон за клупски рекорден трансфер од 35 милиони фунти.
„Навистина сум возбуден и среќен. Кристал Палас е толку голем клуб, клуб на кој му се восхитував. Одлично време е да се биде во клубот и да се биде дел од патувањето на кое се движи Палас“, рече 24-годишниот велшки фудбалер.
Според најавите, Џонсон ќе дебитира в недела против Њукасл во недела и ќе го носи дресот со број 11.
Претходниот рекорден трансфер на Кристал Палас беше во 2016 година, кога лондонскиот клуб плати 32 милиони фунти за тогашниот напаѓач на Ливерпул, Кристијан Бентеке.
ФОТО: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: