Крај на сезоната за Москера, ги скина лигаментите

Дефанзивецот на Вулверхемптон и колумбиската репрезентација Џерсон Москера поради повреда ќе отсуствува од терените до крајот на сезоната, објави клубот.

Москера ги скина вкрстените лигаменти на коленото за време на дуелот на неговиот тим во Премиер лигата со Астон Вила.

„Џерсон беше на скенер, прегледот за жал ја потврди повредата на предните вкрстени лигаменти. Тешко е да се одреди временската рамка на отсуството пред операцијата, но малку е веројатно дека тој повторно ќе се појави оваа сезона”, изјави претставникот на клубот Фил Хејворд.

Тој оваа сезона одигра пет натпревари за Вулверхемптон во Премиер лигата.

Тој беше важен „шраф“ на селекцијата на Колумбија која летово стигна до финалето на Копа Америка, а неодамна постигна гол за својата репрезентација во победата од 2:1 против Аргентина во квалификациите за Светското првенство.

Во само неколку дена Москера е третиот фудбалер кој доживеа тешка повреда. Претходно, сезоната заврши за голманот на Барселона Марк-Андре тер Штеген и фудбалерот на Манчестер сити, Родри.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО