„Коцкарот“ се враќа, Њукасл се засилува!

Вистински скандал изби кога Сандро Тонали, фудбалерот на Њукасл, беше фатен како се обложува, поради што беше суспендиран. Наскоро, по 10- месечната пауза тој се враќа на терените и ќе може да игра, од крајот од август, соопшти клубот.

– Њуксл доби официјална потврда од Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) дека суспензијата на нашиот играч му истекува на 27 август, стои во соооштението на тимот од истоимениот град.

Тонали пристигна во Англија во јули 2023 година, кога Њукасл за него плати 70 милиони евра, а одигра само 12 натпревари. Тогаш Италијанците одлучија да го суспендираат поради кршењето на правилата за обложување.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО