Нејмар повторно се соочува со повреда, откако по настапот против Мирасол почувствувал силни болки во коленото. Бразилскиот ас веднаш бил изваден од тренажниот процес и моментално работи индивидуално во теретана, со цел да го намали товарот и да избегне дополнително влошување.
Ситуацијата создаде нова грижа во Сантос, каде што клубот сега стравува дека Нејмар ќе го пропушти претстојниот натпревар против Интернационал. Медицинскиот тим внимателно ја следи состојбата, но извештаите од Бразил најавуваат дека повредата би можела да биде посериозна отколку што првично се очекувало.
Ова е уште едно во низата непријатни искуства за 33-годишниот напаѓач, кој во последните години често се мачи со физички проблеми и не може да фати континуитет на теренот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: