Кошаркарите на Хапоел Тел Авив останаа во сала до 1.25 часот по полноќ

По поразот на домашен терен од Баерн Минхен (64:79) кошаркарите, раководството, стручниот штаб и сопственикот на клубот Хапоел Тел Авив останаа во салата до 1.25 часот по полноќ. Најмногу лут беше главниот тренер Димитрис Итудис. Ова за неговата екипа беше втор последователен пораз во Евролигата.

Тренерот Итудис не се појави ниту на задолжителното интервју по дуелот, како и на прес конференцијата.

По двата пораза во Евролигата, Хапоел не е веќе лидер на табелата и е во групата на екипи кои имаат 16 победи, додека на чело на табелата Фенербахче со 17 победи.

Инаку, во победничката екипа Баерн, Македонецот Нено Димитријевиќ реализираше 11 поени.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО