Коркмаз доби отказ во Монако

Турскиот кошаркар Фуркан Коркмаз (27) повеќе не е член на Монако и е слободен да избере нов тим.

Евролигашот од Монте Карло се уште официјално не ја објави оваа информација, но таа формалност е само прашање на време откако клубот го отстрани Коркмаз од ростерот до крајот на сезоната.

Турскиот кошаркар сега е слободен да избере нова средина и останува прашањето дали ќе најде нова работа во некој од клубовите од Евролигата или ќе се одлучи за некоја друга опција.

Во секој случај, неговото толку рано заминување од Монако е донекаде изненадување бидејќи станува збор за играч со големо НБА искуство, кое го собра во седум сезони во дресот на Филаделфија. Во најсилната лига на светот одигра 361 натпревар.

Престојот во Монако сепак не помина според очекувањата на двете страни.

Коркмаз оваа сезона одигра само три натпревари во Евролигата, иако повредите го спречија да биде поприсутен на теренот. За тоа време тој имаше просек од 4,7 поени и 2,3 скока по натпревар.

Не блескаше ниту во француското првенство, имаше просек од 4,3 поени и 1,8 скока по натпревар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО