Контроверзните боксер(ки) се пласираа во финалето на ОИ

Боксер(к)ите за кои и натаму постојат сомневања дека се мажи, се пласираа во финалето на Олимписките игри (ОИ). По Иман Келиф од Алжир, во категоријата до 66 килограми, до финалето стигна и Лин Ју-тинг од Тајван, во категоријата до 57 кгр.

Ју-тинг, со едногласна одлука во полуфиналето ја победи Турчинката, Езра Јилдиз Кахраман. Лин беше многу подобра, особено во техниката и брзината, но многумина се на мислење дека дел од судиските одлуки ја фаворизираа 28-годишната Тајванка.

Навивачите најмногу ги вознемири моментот кога Лин очигледно ја удри Кахраман во задниот дел од главата, а судијата не се огласи.

Од аголот на турската боксерка бурно протестираа, забавената снимка потврди дека станува збор за намерен, но и опасен удар, за кој вообичанео се одзема бод, но судијата не реагираше.

Следната сцена што даде јасна слика за тоа што мисли Турчинката за противничката се случи по завршувањето на мечот. Кахраман и честиташе на Лин за победата, но набргу потоа со прстите формираше знак „Х“, јасно алудирајќи на машките хромозоми што Лин наводно ги има.

Иман Келиф и Лин Ју-тинг беа дисквалификувани од Светското првенство (СП) во бокс за жени 2023 година бидејќи тестовите „докажаа дека имаат XY хромозоми“, објасни тогаш Интернационалната боксерска асоцијација (ИБА).

Но, со оглед на тоа што ИБА не го организираше олимпискиот боксерски настан во Париз, Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) им дозволи се натпреваруваат поради помалку строгите правила за подобност по пол кои беа во сила за Игрите во Токио 2021 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО