Конте си призна дека Кварадона е пред трансфер во ПСЖ!

Квича Кварацкелија е многу блиску до трансфер во ПСЖ. Како што пренесуваат медиумите во Италија и Франција, а тоа го велат и инсајдерските информации, Грузиецот и Наполи се во завршни преговори со клубот од Париз.

Трансферот чини 80 милиони евра, иако „светците“ сакаат малку да ја намалат таа сума, но готово е за личните услови за Кварадона. Тој ќе зема плата од 8 милиони евра годишно или четирипати повеќе од тоа што земаше во Наполи.

Дека речиси се е готово, си призна и Антонио Конте, тренерот на Наполи:

„Разговарав со Квича и тој самиот ми потврди дека сака веднаш да си оди. Се обидов да го разуверам во тоа, но не можев, тој си има свој план. Јас не можам да го задржам ако тој не сака да остане“ потенцираше Конте.

Инаку за услугите на Грузиецот долго време беше заинтересиран и Челзи, но сепак се чини дека ПСЖ успеа да победи во битката за потписот на фантастичниот Кварадона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО