Тренерот на Наполи, Антонио Конте потврди дека најдобриот играч на тимот Хвича Кварацхелија побарал трансфер од клубот во јануарскиот преоден рок.
Конте не беше изненаден од ваквиот развој на настаните, но тоа го разочара бидејќи, како што стојат работите, тој ќе го остане без својот најдобар играч во екот на трката за титулата.
„Големо разочарување за мене“, изјави Конте на прес-конференцијата во саботата пред натпреварот со Верона.
Наполитанците се лидери во Серија А со два бода повеќе од Аталанта и според се што е видено досега во Серија А, Италија ќе биде сведок на една од најинтересните трки за титулата видени во последните години.
Менаџерот на Кварацхелија води интензивни преговори со ПСЖ, се претпоставува дека трансферот ќе изнесува 70 милиони евра.
„Зборуваме за важен играч, играч кој требаше да си замине ова лето. Тогаш се уште барав одредени гаранции за замена, бидејќи ми треба квалитет со кој можам да работам. Ми требаше и потврда од одредени играчи, како и од Квича, кој како што знаете, не е единствениот кој побара да биде продаден. Одиме понатаму, но не е лесно да се работи во околности кога треба да ги убедам играчите, кои се важни за тимот. Тој побара да биде продаден, ништо друго не ми кажаа, само тоа. Играчот потоа ми потврди. Лично, јас сум многу разочаран бидејќи поминав шест месеци убедувајќи го Квича дека е во центарот на нашиот проект“.