Претседателот на УФЦ, Дана Вајт изјави дека долго го очекува враќањето на Конор МекГрегор, но дека тоа нема да се случи пред крајот на годината.
Сето тоа го фрустрираше поранешниот двократен светски шампион кој планираното враќање во октагонот во јуни оваа година, против Мајкл Чендлер, мораше да го откаже поради повреда.
МекГрегор на социјалните мрежи изрази незадоволство од сето тоа и побара од Вајт да му закаже борба за крајот на годината.
– Дана, декември е тој месец и тој датум. Да ја завршиме календарската година со победнички спектакл. Одам следниот месец на подготовки на висока надморска висина. Кажете му на Дана дека го заслужуваме декември – напиша МекГрегор на Твитер.