Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, ги сподели своите очекувања за претстојниот натпревар против ПСЖ во Лигата на шампионите.
– Кога зборуваме за ПСЖ, важно е да се разбере дека не можете да се фокусирате само на еден играч. Тимската работа на ПСЖ е она што ги прави толку силни во секоја фаза од играта. Треба да веруваме во себе и да играме најдобро што можеме. Се соочуваме со бранителот на трофејот во Лигата на шампионите и еден од фаворитите на турнирот, изјави Компани за „RMC Sport“.
ПСЖ ќе биде домаќин на Баерн во дербито на 4. коло од Лигата на шампионите. Натпреварот ќе се игра вечер во Париз со почеток во 21 часот.
Парижаните се на чело на табелата со максимални девет бода по три натпревари. Баерн исто така има девет бода и е второпласиран.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: