Коман размислува за напуштање на репрезентацијата!

Француски „Л’Екип“ објави дека крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Кингсли Коман размислува да ја заврши репрезентативна кариера иако има само 28 години.

Откако се опорави по повредата на тетивата и си обезбеди место во тимот на Франција на ЕП, Коман веројатно разочаран од минутажата, игрите, па и резултатите, најавува повлекување.

Коман размислува за својата иднина во дресот на Франција, каде што досега одигра 57 меча. Фактор плус што би можел да влијае на неговата одлука е тоа дека Дидие Дешам ќе ја води селекцијата до Светското првенство (СП) 2026 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО